Корисник на социјалната мрежа Инстаграм утринава објави вознемирувачко видео на кое, како што тврди, ја убива сопругата. Од полицијата велат дека во тој град имало пукање, има најмалку три жртви и неколкумина повредени, а се трага по напаѓачот.
Како што потврдиле за Klix.ba од полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, нивните службеници добиле дојава за употреба на огнено оружје во Градачац.
Тие прецизираа дека полициски екипи во моментов се на терен и дека се утврдуваат сите факти.
Човекот објави видео со исклучително вознемирувачка содржина на социјалната мрежа Инстаграм, порачувајќи им на гледачите дека во живо ќе видат убиство.
На видеото потоа се гледа како зема пиштол и испука куршум во челото на женско лице. Исто така, на видеото може да се слушне плачот на дете кое било во непосредна близина.
Гледањето на ова видео не се препорачува поради исклучително вознемирувачка содржина.
Полицијата во моментов трага по убиецот во Градачац, а сите активности ги спроведува во соработка со Кантоналното обвинителство во Тузла. Од оваа судска институција не можеа да кажат детали за случајот во Градачац, наведувајќи дека се утврдуваат сите детали.
Според босанските медиуми сите приоди кон градот се блокирани. Според сеуште непотвредни информации се работи за Нермин Сулејмановиќ кои од претходно и бил познат на полицијата.