Унгарското национално истражно биро (ННИ) во заедничка операција со Даночните и царинските служби (НАВ), заплени дрога вредна 480 милијарди форинти, односно 1,2 милијарди евра, објави денеска унгарската полиција на својата веб-страница.
Полицијата заплени 13 тони супстанца за изработка на дрогата МДМА, т.е. екстази, во април во областа Џер-Мошон-Сопрон по дојава од НАВ и уште 19 тони слична супстанца во два магацини во Будимпешта неколку дена подоцна, според ННИ.
Полицијата пронајдената дрога ја поврза со меѓународна криминална организација и работи на откривање на нејзините членови во продолжение на истрагата.