Третиот топлотен бран во Шпанија ова лето треба да го достигне својот врв денеска со температури до 44 Целзиусови степени во централните и јужните делови на земјата, најавија шпанските власти и предупредија на ризик од шумски пожари.
Живата во термометарот би можела да се искачи и до 40 степени Целзиусови во провинцијата Баскија, каде толку високи температури не се толку вообичаени, соопшти државната метеоролошка агенција АЕМЕТ, пренесе Ројтерс.
Надлежните предупредија и на суво невреме, грмежи и молњи, но нема врнежи во повеќе делови од земјата.