Во продолжение ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Паркобраните поврзан со најновите случувања со паркот кај Бристол:
Се до вчера, скоро 40 дена деноноќно дежуравме и го чувавме малиот парк кај Бристол. Се трудевме да покажеме и докажеме дека токму тоа место не треба да биде жртвувано за градба од 7 ката во која треба да се смести СРД кој не брои повеќе од 20 вработени.
Во моментов се уште има припадници на ЕБР кои не заменија со дежурствата во смени. Разликата е во тоа што ние сме Паркобрани, а изгледа дека со тие спремни и обучени момци некој и тоа како си поигрува. Им доделува улога која не им прилега, срамна улога -„Тарабобрани“. Друг одговор навистина не би можеле да најдеме.