Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, ја повикаа денеска ЕУ да им помогне во отстранувањето на проблемот со лажните азиланти, апелирајќи на земјите-членки на Унијата да ги ускратат привилегиите на подносителите на барањата за азил во текот на периодот на разгледување на барањето.
Претседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, министерот за безбедност на БиХ Фахрудин Радончиќ и министерот за внатрешни работи на Црна Гора Рашко Коњевиќ изразија, на состанокот во Сараево, загриженост дека приливот на државјаните на тие земји кои неосновано бараат азил во земјите на ЕУ би можело да ја наведе Унијата трајно да им се укине безвизниот режим.
Европскиот парламент вчера усвои механизам што овозможува за граѓаните на земјите од кои доаѓаат лажните азиланти привремено повторно да се воведат визи.