СДСМ: Неготино крева глас

Од:

Работното лето на СДСМ продолжува. „Неготино крева глас“, под ова мото, партискиот врв викендов ќе го мине во неготинско. Ќе разговара со жителите, ќе ги чуе нивните маки и секојдневие, и велат, тоа ќе биде основа, заедно со граѓаните да ја напишат партиската програма, во која ќе понудат решенија за се она што го тишти народот.

Неготино е и првата општина во која СДСМ промовира жена-кандидат за градоначалник. Во досега „машката“ градоначалничка трка, официјално влезе Силвана Филипова.

Филипова е доктор-логопед, доцент на Филозофскиот факултет, советник во општината и велат, вистинскиот избор за прв човек на општината.

Силвана Филипова официјално ќе биде промовирана за кандидат за градоначалник на протестно-промотивниот митинг, на 22 јули, недела, во Неготино.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски