Официјален Техеран денеска соопшти дека значително ги намалил своите резерви на збогатен ураниум, со тоа што ги претворил во гориво за нуклеарните реактори.
Директорот на иранската Агенција за нуклеарна енергетика Али Акбар Салехи синоќа за државната телевизија изјавил дека резервите на збогатениот ураниум се намалени од 240 на околу 140 килограми со претворање во гориво за реакторите за истражувања во медицински цели, додавајќи дека и останатите количества се претвораат во гориво.
САД и нивните сојузници бараат официјален Техеран целосно да го прекине секое збогатување на ураниум.
Според податоците кои минатиот месец ги објави агенцијата на ОН за атомска енергија, иранските резерви на збогатен ураниум изнесувале 185,5 килограми.