Многу повредени, исчезнати и евакуирани по тајфунот во Кина

Од:

Поради дождот кој продолжи да паѓа во североисточна Кина по тајфунот Доксури, неколку лица го загубија животот, некои се водат како исчезнати, додека илјадници луѓе се евакуирани. Според кинеските државни медиуми, едно лице загинало, а пет други се водат како исчезнати во градот Шулан, во провинцијата Џилин, каде врнело пет дена по ред, пренесе АП.

Повеќе од 14.300 луѓе се евакуирани од Шулан, град со повеќе од 700.000 жители, соопшти локалната агенција за помош при катастрофи.

Просечното количество на врнежи во градот до петок попладне достигна 111,7 милиметри. Најмалку 22 лица загинаа во поплавите во близина на Пекинг и во соседната провинција Хебеи оваа недела.

Во главниот град на Хејлонгџијанг, Харбин, повеќе од 53.000 луѓе беа евакуирани бидејќи неколку акумулации и реки ги надминаа безбедносните нивоа, додека околу 41.600 хектари земјоделски култури беа оштетени.

Во градот Јушу во провинцијата Џилин, на околу 120 километри јужно од Харбин, поради поплави се евакуирани околу 19.000 луѓе. Бројот на загинати во Баодинг, град со 11 милиони жители, достигна 10, додека уште 18 лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Кина се бори со рекордни врнежи во некои области, додека во други летните горештини и сушата ги загрозуваат посевите.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски