Стејси Шухарт (32) од Дејтон (САД), призна дека извршила убиството, се вели во документите поднесени во окружниот суд во Кембел.
Шухарт била дома со својот едногодишен син Шон и тригодишната ќерка. Стејси има неколку деца. Тaa повика Брза помош, наведувајќи дека несреќното момче паднало и удрило со главата во микробрановата печка, а набргу потоа престанало да дише.
Судските документи наведуваат дека болничарите го нашле момчето во многу полоша состојба отколку што можел да предизвика само удар во главата.
Шон бил итно пренесен во Медицинскиот центар на детската болница во Синсинати, каде обидите да му го спасат животот биле неуспешни. Момчето им подлегнало на повредите.
Направена е обдукција која утврдила дека причина за смртта е всушност „насилно убиство“. Истрагата утврдила дека момчето не ја удрило главата во микробранова како што претходно тврдела неговата мајка.
Иследниците откриле модринки на главата на Шон, како и повреди на мозокот и очите кои биле резултат на повеќекратна траума од тапа сила, со повреди слични на оние што може да се здобијат во „тешка сообраќајна несреќа“, наместо во инцидент дома. Во документите е наведено дека констатирале и тешка повреда на карлицата, врз основа на која се сомнева дека бил газен или удрен со тап предмет.
Децата биле земени од нејзиниот дом и ѝ биле дадени на нејзината сестра да се грижи привремено.