Најголемиот кинески трговски центар во овој дел од Европа, „Трговски центар Евроазија“, ќе биде отворен во мај следната година во Белград и ќе претставува „симбол на пријателството и соработката меѓу Кина и Србија“. Ова го истакна министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ на свеченоста по повод завршувањето на првата фаза од изградбата на центарот.
„Трговскиот центар Евроазија“ е при крај, главната градба е завршена и самиот кинески трговски центар ќе биде пуштен во употреба во мај следната година“, рече Весиќ, додавајќи дека тој 34.715 метри квадратни и дека ќе биде најголемиот кинески центар во овој дел на Европа.