„Научи прописно да паркираш“

Од:

Одделението за превенција при СВР Тетово во соработка со локалната самоуправа во Тетово и мисијата на ОБСЕ денеска ја формираа советодавната група на граѓани за олеснување на проблемите со паркирањето на возила, особено во централното градско подрачје.

Според самостојниот инспектор по превенција во сообраќајот во СВР Тетово, Пецо Костадиновски нивните податоци и состојбите на теренот покажуваат дека има особено голем број сообраќајни прекршоци во делот на запирањето и паркирањето. Само во текот на минатата година на подрачјето под надлежност на СВР Тетово имало над 4.000 налози за погрешно пракирање.

Овој нов проект што се спроведува заедно со општина Тетово и ОБСЕ е под мотото „Научи прописно да паркираш“, а главна цел е надминување на незгодите поради непрописно паркирање и овозможување поголем проток на сообраќајот особено во централното градско подрачје.

– Во советодавната група има претставници од општинските сообраќајни, пазарни и комунални инспекторати, полицијата и други надлежни институции и фактори. Во прво време спрема прекршителите ќе постапуваме превентивно и образовно, а ќе се дели и соодветен материјал што го изработивме во соработка со ОБСЕ, рече Костадиновски.

Според најавите на деншниот состанок треба да бидат дефинирани можните паркинг простори во градот кои ќе бидат соодветно обележани, а од општината рекоа дека во подготовка е и проект за зонско паркирање што уште повеќе треба да помогне во разрешување на оваа проблематика.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?