Пожарот кај Богданци не е под целосна контрола

Од:

Пожарот кај Богданци не е ставен под целосна контрола, но во моментов нема активно горење информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од ДЗС, Национални шуми и јавното комунално претпријатие од Богданци се обидуваат да го заобиколат пожарот од сите страни за да го изгаснат.

На терен се вкупно околу 65 лица како и градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов. Ако подоцна дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат три ер-трактори на ДЗС како и два хеликоптери на МВР.

Силниот пожар избувна во нискостеблеста шума и сува трева и бргу зафати поголема површина.

Би можело да ве интересира

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума

Пожар на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф