Вулнет Амети нов ректор на Државниот универзитет во Тетово

Од:

Професор доктор Вулнет Амети е новиот ректор на Државниот универзитет во Тетово, информираше денеска портпаролот на ДУТ Сељам Сулејмани.

Одлуката денеска ја донел Сенатот на ДУТ откако на вчерашната седница на ректорската управа биле официјализирани кандидатурата на Амети и неговиот противкандидат професор д-р Фаузи Скендери.

Од вкупниот број членови на Сенатот за Амети гласале 22 додека еден глас бил прогласен за неважечки од страна на тричлената изборна комисија на чело со професор д-р. Хајри Зиба. Мандатот на Амети како ректор ќе трае четири години.

Според Сулејмани, под раководство на сега актуелниот ректор Амети во изминатата година додека тој бил вршител на должност направен е голем напредок во повеќе насоки како во меѓународната афирмација на Универзитетот, реформа на наставните планови и програми, спроведување на Европскиот кредитен транфер ситем, размена на студенти и наставен кадар со меѓународните универзитети, создавање на модерна инфраструктура и зголемување на ефикасноста и квалитетот на студиите, проширување на мрежата на дисперзираните студии во многу градови на земјата, како и создавање на просторни услови за квалитетно одвивање на наставно-научниот процес, инаугурација на новата зграда на Универзитетот во Тетово.

Реализирани биле и многу други проекти кои ја подигнуваат оваа високообразовна институција на ниво на најпрестижните универзитети на државно, регионално и меѓународно ниво.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование