Во САД е егзекутиран мажот кој киднапираше и уби шестгодишно девојче

Од:

45-годишниот маж кој киднапираше шестгодишно девојче од Мисури и го претепа до смрт во напуштена фабрика вчера беше егзекутиран. Џони Џонсон прими смртоносна инјекција пентобарбитал во државниот затвор во Бон Тере и е прогласен за мртов во 18.33 часот по локално време, јавува Асошиетед прес.

Врховниот суд на САД неодамна го отфрли задоцнетото барање за одложување на егзекуцијата поради аргументите дека Џонсон е ментално неспособен. Тој беше осуден за убиството на Кејси Вилијамсон во јули 2002 година во предградијата на Св. Луис.

Џонсон, кој боледуваше од шизофренија, изрази каење во кратка рачно напишана изјава објавена од Одделот за поправки неколку часа пред да биде погубен.

„Бог да ве благослови. Жал ми е за луѓето и семејствата што ги повредив“, се вели во изјавата на Џонсон.

Меѓу оние кои беа сведоци на егзекуцијата беа неколку членови на семејството и поранешниот обвинител и полициски истражител кои го водеа неговиот случај. Инаку, Врховниот суд со три спротивставени мислења го одби барањето за одложување на извршувањето.

„Судот денеска го отвора патот за егзекуција на човек со документирана ментална болест пред кој било суд да може значајно да ја испита неговата способност да биде погубен. Нема морална победа во егзекуцијата на некој што верува дека сатаната убива за да предизвика крај на светот“, гласат различните мислења на тројцата судии.

Поранешниот јавен обвинител на Св. Луис, Боб Мекалок, верува дека Џонсон и нанел „неискажливи ужаси“ на жртвата.

„Има некои проблеми – значителни проблеми. Но, тој точно знаеше што прави“, рече тој.

Исчезнувањето на шестгодишното девојче од Вали Парк на 26 јули 2002 година предизвика голема потрага пред нејзиното тело да биде пронајдено.

Мајката на Кејси беше најдобра пријателка од детството со постарата сестра на Џонсон, па дури и го чуваше бебето. Откако Џонсон направил скара ноќта пред убиството, семејството на Кејси го пуштиле да спие на каучот во куќата.

Утрото Џонсон го намамил малото девојче, кое сè уште било во ноќница, да дојде со него во напуштената фабрика за стакло. Дури и ја носел на раменици додека се движеле кон уништеното место. Кога се обидел да ја силува, Кејси врескала и се обиделa да се ослободи. Ја убил со тула и голем камен. Истиот ден го признал делото.

Телото на Кејси е пронајдено во јама, закопано под камења, на помалку од еден километар од нејзиниот дом. Адвокатите на Џонсон се обидоа да докажат на суд дека нивниот клиент, поранешен осуденик кој бил ослободен од државната психијатриска установа шест месеци пред злосторството, престанал да зема лекови против шизофренија и дека чудно се однесувал деновите пред убиството.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија