Мистериозниот објект исфрлен на брегот во Западна Австралија е всушност отпад од индиска вселенска ракета. Цилиндерот бил дел од ракета лансирана од Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО), изјави директорот на ИСРО, Судхеер Кумар за Си-Ен-Ен.
A giant mysterious metal cylinder has left locals stumped after the debris appeared suddenly on the shoreline of WA's Midwest.
The huge metal object was found on a beach near Green Head on Sunday, with local residents reporting the suspicious item to police.
The item is… pic.twitter.com/XzUhAGznna
— 10 News First Perth (@10NewsFirstPER) July 17, 2023
Австралиската вселенска агенција вчера на Твитер објави дека ја завршила истрагата за објектот и дошла до истиот заклучок. Откако се појави на плажата во јули во Грин Хед, крајбрежен град на 250 километри северно од Перт, цилиндричниот објект широк околу 2,5 метри и долг меѓу 2,5 и 3 метри, предизвика голема возбуда кај локалното население.