Левица: Имотниот лист на Марјан Кицев како индикатор за неговата незаинтересираност за грижата кон најзагрозените граѓани

Од:

Ако километражата на неговото службено возило не беше доволно да ви укаже на каква висока нога живее претседателот на Македонскиот полициски синдикат, неговиот имотен лист е совршен пример за класната определба на оние кои што треба да се борат за интересите на најранливите групи во нашата држава, велат од Левица.

Од партијата велат дека „на имотниот лист на Марјан Кицев има имот од енормни суми- имот за којшто 99% од Македонците, а посебно полицајците во оваа држава, можат само да сонуваат“.

„На овој имотен лист се пријавени подароци на парични средства од родител од над 800.000 денари, куќа во Кавадарци вредна 9.000.000 денари, стан во Скопје од 3.265.664 денари, личен доход од 57.000, паушали вкупно 51.000, и листата продолжува. Министерот Оливер Спасовски, односно господарот и работодавачот на Кицев, на Конференцијата за родова еднаквост изјавува: „Наша задача како креатори на политики е да се залагаме за економска и социјална рамноправност, за создавање услови за нашите мајки, сопруги и ќерки, за нашите колешки и соработнички полесно да се справуваат со дискриминацијата, насилството и сиромаштијата”.
Прашањето е: Колку е легитимна нивната борба за економска и социјална рамноправност, специфично борбата против сиромаштијата, со имот и месечен приход кој го пласира Кицев во 1% од македонската популација?“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа