Поради горештини, Иран прогласи дводневен државен празник

Од:

Владата на Иран ги прогласи за државни празници среда и четврток поради „невиден“ топлотен бран, при што температурите во повеќето делови на земјата достигнаа повеќе од 40 степени Целзиусови, објави новинската агенција ИСНА.

Филијалите на банките, судските и правните канцеларии ќе бидат затворени, а испитите и фудбалските натпревари ќе бидат откажани. Болниците се во состојба на готовност, објави агенцијата.

Метеоролошката служба предупреди дека постои ризик од загадување на воздухот и песочни бури на југот од земјава, каде се очекува оваа недела температурите да се искачат над 50 Целзиусови степени.

Во курдскиот град Дивандаре, жителите во понеделникот излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство поради исклучувањето на водата, објави норвешката организација за човекови права Hengaw.

Голем дел од Иран, земја со речиси 90 милиони жители, е пустина. Научниците со години предупредуваат на се почести суши во регионот, кој е особено тешко погоден од последиците од климатската криза.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он