Полска распореди снајперисти на границата со Белорусија, објави на Твитер Генералната команда на полските вооружени сили, пренесува „РИА Новости“.
Командата објави на Твитер неколку фотографии од војници со снајперско оружје на позадината на оградата на полско-белоруската граница.
„Вечерната прошетка на свеж воздух е добра за вашето здравје. Снајперистите се мајстори за извидување, навигација и употреба на оружје. Тие се одликуваат со самодоверба и трпение“, стои во описот под фотографијата.
„Сè уште е опасно на границата со Белорусија. Полските патроли се напаѓани од агресивни странци. Офицерите и војниците се секојдневно на удар“, напиша Станислав Жарин, владиниот комесар за безбедност на информативниот простор на Република Полска.