ВИДЕО: Во САД е толку жешко што чуварите на парк испекоа колачиња во автомобил

Од:

За да покажат дека неодамнешната жештина во националниот парк Сион во јужна Јута не е шега, вработените во паркот решија да испечат колачиња оставајќи тесто за колачиња во паркиран автомобил.

“Вашиот автомобил може да биде како рерна – буквално. Затоа решивме да испечеме колачиња!” „Парк службата“ напиша во објава на Инстаграм во која се прикажува видео од контејнер со колачиња поставени на контролната табла на автомобилот.

На колачињата им биле потребни околу три часа за да се испечат, а ренџерите забележале дека излегле малку крцкави. Температурите во Сион беа постојано над 38 степени Целзиусови во последните недели, што значи дека температурите во возилата таму може да достигнат 93 степени Целзиусови, се вели во објавата.

Пред да се испечат колачињата, во автомобилот бил поставен термометар. Уредот се стопил.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија