Се чека за влез во земјава на Табановце и за излез на Богородица. Ова е состојбата утрово на граничните премини кои периодов се најоптоварени.
На видеата од камерите поставени на граничните премини се гледаат колоните возила на Богородица кои чекаат за влез во Грција. Оклу 45 минути се чека на Табановце за влез во Македонија според АМСМ, додека според сведочењата на луѓето на граничниот премин, чекањата се подолги.
На овие два гранични премини последниов месец речиси секојдневно во одделени делови од денот има големи гужви со оглед на тоа дека покрај македонските туристи, низ земјава минуваат и Србите, но и голе делм други странски туристи кои одат за Грција.