Проблемот е кај брендовите Visa и Mastercard, парите на граѓаните се безбедни соопшти Народна банка

Од:

Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард.

До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките.Народната банка континуирано ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите. Напоменуваме дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент, се вели во соопштението од НБРМ.

Би можело да ве интересира

Каматата на кредитите во ноември 4,80%, на депозитите 2,18%

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година

Народна банка: Во 2025 година економскиот раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти

Во септември пад на стапката кај кредитите, раст кај депозитите

Модернизација и регионално поврзување на платните системи помеѓу земјите од Западен Балкан поддржани од Банката на Италија и Европската централна банка

Девизните резерви 4,72 милијарди евра