Муцунски: Уште едно училиште во Аеродром целосно реконструирано и подготвено за новата учебна година

Од:

Покрај проектите во патната и комуналната инфраструктура, ова лето во Аеродром активно се реализираат и нови инвестиции со кои општината ја унапредува локалната образовна инфраструктура. Во пресрет на новата учебна година, тековно се одвиваат градежните активности со кои се овозможуваат современи услови за реализација на наставата за дечињата кои учат во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

После долг временски период, се реконструира внатрешноста на училиштето која опфаќа целосна обнова и молерисување на sидовите, реконструкција и поставување нов под, промена на ракофатот за побезбедно движење на учениците низ училишната зграда и поставување ПВЦ профили за поголема енергетска ефикасност на приземниот кат во внатрешноста.

„Со завршување на оваа инвестиција, реконструкцијата на фасадата, новото спортско игралиште и новиот атриум кој се наоѓа во задниот дел на училишната зграда, завршува еден важен инвестициски циклус со кој „Браќа Миладиновци“ станува модерно училиште според меѓународните ИБ стандарди.

Училиштата во Општина Аеродром новата учебна година ќе ја започнат подготвени. Со завршување на градежни активности во неколку основно училишта и со сите неопходни материјално технички услови општината и основните училишта ќе обезбедат непречено одвивање на наставата“, велат од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он