Тригодишно дете пукаше и ја уби својата едногодишна сестра

Од:

Тригодишно дете случајно пукаше и ја уби својата едногодишна сестра во трагичен инцидент во Калифорнија.

Канцеларијата на шерифот на округот Сан Диего соопшти дека полицајците одговориле на повикот за пукање во дом во Фалбрук. Едногодишно девојче се здобило со повреда на главата и било пренесено во локалната болница каде била констатирана смрт во 8.30 часот. Името на детето не е објавено поради „почит кон семејството и фактот дека е малолетник“, соопштија властите.

Во тек е истрага на случајот за утврдување на сите околности за смртта на девојчето.

– Нема осомничени или закани за заедницата – се наведува во соопштението на шерифот.

Судскиот вештак по обдукцијата ќе ги утврди причините и начинот на смртта. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави дека ќе објават повеќе информации после тоа.

„ABC7“ наведува дека годинава во САД досега имало најмалку 221 случај на случајно пукање од деца. Ова резултираше со 78 мртви и 151 ранет.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија