Силно невреме со грмотевици се пресели над Посавина во Босна и Славонија во Хрватска и моментално е над Војводина.
Невремето најпрво пристигна во Нови Сад, каде врнеше дожд и град. Во 14 часот над Суботица и околината се надвиснаа црни облаци, но за среќа најлошите предвидувања не се остварија и засега нема невреме.
Имено, над градот се појави огромен црн облак, температурата наеднаш падна за десетина степени, почна да дува ветер, но не и бурен, а потоа почна да врне.
Темни облаци се надвиснаа и во Белград над некои делови од градот.
Во домот „Слободан Бајиќ“ во Нови Сад невремето скршило неколку стакла, оштетен е дел од покривот и громобранот, а во дворот на домот е соборено дрво.
Оштетен е и дел од покривот на студентскиот дом „Вељко Влаховиќ“, поради што прокиснуваат неколку простории на поткровјето, а делумно се скинати и покривните олуци.
Поради оштетување на рефлекторите не работи надворешното осветлување, а една бреза која ветерот ја собори паднала врз објектот и кога ќе се отстрани ќе се знае дали направила штета, пишува Дневник.рс.
Невремето што зафати пред еден час го прелета градот и околината без да предизвика голема штета. Овој помал временски настан беше многу послаб од невремето што го потресе градот претходната недела, јавуваат новосадските медиуми.