Атина: Пожарникарите изгубија контрола над пожарот

Од:

Ветровите кои почнаа да дуваат вечерва дополнително запалија голем пожар западно од Атина, што предизвика нови наредби за евакуација и грчките власти се подготвуваат за продолжување на екстремните временски услови кои донесоа жешко време во јужна Европа.

Како што јави АП, грчките власти најпрвин изјавиле дека огромниот пожар бил запрен во ноќта меѓу средата и четвртокот, а противпожарната служба го интензивирала гаснењето со „канадери“ кои пристигнале од Франција и Италија.

Пожарникарите, сепак, изгубиле контрола над огнот кога ветар се засилил, соопштија претставници на противпожарната служба. Пожарот гори од вторник и веќе изгоре 35 квадратни километри шума.

Некои жители ги игнорираа најновите наредби за евакуација за да се обидат да ги спасат своите домови.

Би можело да ве интересира

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“