Српската полиција ги уапси С.В.(34) и Е.Х.(37) поради обид за изнуда.
Тие се осомничени дека повеќепати му се заканувале на четириесет и едногодишен маж дека ќе го убијат и ќе му го уништат имотот доколку не им даде 9.000 евра.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.