Шпанскиот суд денеска соопшти дека отворил нова истрага против колумбиската музичка ѕвезда Шакира, во врска со наводната даночна измама на приходите и додадената вредност во 2018 година.
Судот во североисточниот град Есплугес де Љобрегат, во близина на Барселона, не даде други детали во изјавата, објави Ројтерс.
Се очекува на крајот на годината на познатата пејачка да и се суди во друг случај поврзан со 14,5 милиони евра заостанати даноци кои ги должи за периодот од 2012 до 2014 година.
Во овој случај, обвинителот бара затворска казна до осум години против 46-годишната ѕвезда чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак.
Адвокатскиот тим на Шакира соопшти дека ќе коментира подоцна во текот на денот.