САД Тврдат дека руските сили поставиле морски мини во Црното Море и се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови. Москва неодамна се повлече од договорот со кој се дозволува безбеден извоз на жито и предупреди дека сите бродови што пловат кон Украина сега ќе се сметаат за потенцијални носители на воена опрема.
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Хоџ, изјави за новинарите: „Нашите информации покажуваат дека Русија поставила дополнителни морски мини на приодите до украинските пристаништа. Ние веруваме дека ова е координиран напор да се оправдаат какви било напади врз цивилни бродови во Црното Море и да се обвини Украина за тие напади“.
Се проценува дека околу 60.000 тони жито биле уништени во воздушните напади врз украинските пристаништа во последните неколку дена.