Го прекинуваме т.н. “должничко ропство“.
Пратениците од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити.
Со усвоиените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот.
Со ова ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари, соопштија од СДСМ.