Летно хуманитарно кино во Куманово

Од:

Клубот на млади при општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Центарот за меѓукултурен дијалог организира хуманитарно летно кино, информираа денеска од организацијата.

– Со почеток од 20:00 часот во училишниот двор на основното училиште „Вук Караџиќ“. Цената на билетот е 50 денари и сите средства собрани од продадените билети ќе бидат донирани за Теодосија, информираа од Црвен крст Куманово.

Младите ќе погледаат филм кој преку гласање на социјалните мрежи го избраа самите. Од Црвен крст ги повика кумановци да се дружат и да го погледаат филмот и да донираат за малата сограѓанка Теодосија Лазаревска, која е на лекување во странство.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра