САД побараа Египет под итно да ја укине вонредната состојба

Од:

САД го обновија барањето до владата на Египет да ја укине вонредната состојба во земјата, прогласена во август, а која Каиро денеска реши да ја продолжи за уште два месеца, пренесоа француските медиуми.

-И натмау не се согласуваме со вонредната состојба, како што не се согласувавме и на почетокот. Ја повикуваме преодната влада под итно да ја укине, изјави портпаролот на Стејт департментот, Мари Харф.

Таа го повика Каиро да создаде „клима во која сите Египѓани ќе можат мирно да ги користат своите права на слобода на собирања и на изразување“.

Египетските власти денеска за два месеца ја продолжија вонредната состојба од безбедносни причини.

Египет е арена на напрегнатост откако на 3. јули армијата го собори претседателот исламист Мухамед Морси и во крв ги задуши протестите на неговите приврзеници.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро