Рекорден број кинески воени бродови во водите околу Тајван

Од:

Рекордни 16 кинески воени бродови се забележани во водите околу Тајван кон крајот на минатата недела, објави тајванското Министерство за одбрана, што според аналитичарите е „последниот знак за кампања на заплашување од страна на владејачката Комунистичка партија на Кина“.

„Тоа е растечки воен напор“, изјави за Си-Ен-Ен Карл Шустер, аналитичар од Хаваи и поранешен директор за операции во Заедничкиот разузнавачки центар на американската Пацифичка команда.

Кинеската владејачка Комунистичка партија го смета Тајван за своја територија и покрај тоа што никогаш не го контролирала и со децении се обидува да го изолира дипломатски. Пекинг не ја отфрли можноста за употреба на сила за да ја преземе контролата врз островот.

Кинеските државни медиуми во неделата ја пофалија поморската активност, истакнувајќи дека „урнат е рекорд по бројот на бродови распоредени на вежби во регионот“. Шустер рече дека очекува Кина да продолжи да го зголемува притисокот врз Тајван.

„Ќе видиме повеќе вакви вежби, а следната година тие ќе бидат посложени и поголеми во однос на вклучените единици и обемот на нивните активности“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија