Морган Фримен донираше милион долари за кампањата на Барак Обама

Од:

Актерот Морган Фриман донираше милион долари за претседателската кампања на Барак Обама.

Донацијата е уплатена на сметка на организацијата Priorities USA Action, која не е директно поврзана со претседателската кампања, но која го финансира рекламирањето на Обама во текот на кампањата за повторниот избор.

Донацијата на Фриман и помогна на Priorities USA Action да ја достигне целата од шест милиони долари донација за месец мај. Фриман претходно изјави дека верува оти Обама направил неверојатна работа во текот на досегашниот мандат со оглед на околностите.

– Обама ја заврши војната во Ирак. Направи одговарачки реформи на Вол Стрит, ја спаси автомобилската интустрија и ги заштити здравствените организации на сите Американци. Препозна целосна еднаквост меѓу браќата и сестрите и постави импресивни и моќни жени во Врховниот суд. Горд сум што можам да го дадам својот глас и подршка за него и за оние кои се на негова страна, рече Фриман.

Морган Фриман е само една од низата познати личности кои дадоа поддршка за кампањата на повторниот избор на Обама на функцијата претседател. Својата поддршка за Обама претходно искажаа Џорџ Клуни, Ева Лонгориа, Сара Џесика Паркер и Гвен Стефани.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски