Освен покачување на платите за работниците во сите сектори, со вистинските економски политики СДСМ создаде услови за развој на економијата и бизнис секторот, подеднакво за домашните и странските компании.Силната поддршка на компаниите допринесе за раст на инвестициите, намалување на невработеноста и отворање на нови и добро платени работни места, рече на прес конференција ратеничката на СДСМ Даниела Колева.
– Затоа денес имаме 8% намалување на невработеноста и 9,5% зголемување на вработеноста во државата. Минатата 2022 година СДСМ обезбеди највисока финансиска поддршка и тоа за најголем број компании во изминативе пет години. Поддржани се 410 компании со 23 милиони евра, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Преку овој закон СДСМ обезбеди сет на мерки за финансиска поддршка за капитални инвестиции, поддршка за нови вработувања, поддршка за активности во истражување и развој, поддршка за проекти од значење економски интерес на државата. Минатата година имавме рекорден износ од 750 милиони евра директни странски инвестиции. А Северна Македонија не е веќе земја каде има евтина работна сила туку земја во која се почитува и вреднува трудот на работникот. Бројката на вработени во технолошко-индустриските зони веќе надмина 17.000, во изминатите пет години бележиме 10.000 нови работни места, вели Колева.