Руски дронови повторно го нападнаа Киев, има мртви и ранети

Од:

Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во ноќен напад на руски беспилотни летала врз главниот град на Украина, Киев, соопштија денеска локалните украински власти. Околу дваесет беспилотни летала од иранско производство беа соборени над воздушниот простор на градот, соопштија воените претставници на Киев.

„Успешно изведовме операција за противвоздушна одбрана. Дваесет беспилотни летала „Шахед“ беа уништени, сите што летаа беа соборени. Уништени се и две крстосувачки ракети „Калибр“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Игнат.

Тоа беше трета ноќ по ред напади врз главниот град, кои се случија само неколку часа по завршувањето на самитот на НАТО во Литванија. Отпадоци по падот на дрон биле пријавени во пет области, а најмалку две лица биле испратени во болница со рани од шрапнели. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека едно тело било пронајдено во станбена зграда во областа Подилски, северно од центарот на Киев.

Претходните два дена на самитот на НАТО во Вилнус, поддршката на Западот за Украина беше на врвот на агендата. На самитот учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го искористи своето присуство за да го поттикне членството на Украина во Алијансата, но заклучокот од самитот е дека тоа ќе биде можно само кога сојузниците ќе се договорат и ќе ги исполнат условите.

Би можело да ве интересира

Шредер: „Русија е непобедлива“

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски