Рускиот генерал Иван Попов, кој беше командант на 58-та армија, денеска соопшти дека е сменет од таа позиција откако изјавил дека руски војници биле прободени во грб поради неуспехот на военото раководство.
Rebellions of generals and "combat" within the Russian defense ministry continue.
Commander of the 58th Russian army major general Ivan Popov was resigned from his position as a result of his report to Gerasimov. In the report, Popov raised the issue of needing to rotate units… pic.twitter.com/CSLtVtrggG
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 13, 2023
„Имаше тешка ситуација со властите затоа што имаше опции – да молчиш, да бидеш кукавица и да им каже што сакаа да слушнат или да ја каѓеш вистината. И јас, во име на сите мои пријатели кои загинаа немав право да лажам. Затоа ги презентирав сите проблематични прашања што постојат во армијата денеска“, рече Попов во говорна порака објавена на Телеграм, пренесува рускиот портал РБК.
Тој додаде дека, за време на разговорот со претпоставените, се фокусирал на „најважната трагедија на модерното војување“, односно на недостатокот на борба и артилериско извидување, но и на големиот број убиени и ранети војници.
– Покренав и ред други прашања – искрено и грубо. Очигледно повисоките команданти насетуваа некаква опасност и во еден ден министерот за одбрана излезе со наредба, ја издаде и се ослободи од мене – рече Попов.