Во раните утрински часови започна акцијата за расчистување на Паркобраните.
На почетокот беа исклучени уличните светилки за потоа активистите да бидат уапсени под образложение дека го нарушуваат јавниот ред и мир.
Веднаш по нивното апсење малиот парк кај Хотелот Бристол беше обиколен од околу 200 припадници на полициските сили помеѓу кои и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), единица која дејствува во ситуации со висок ризик.
Се поставуваа метални барикади, сообраќајот беше пренасочуван, новинарските екипи немаа пристап до местото во радиус од околу петстотина метри. Станарите кои живеат во околните згради беа легитимирани и во оние моменти кога се враќаа во своите домови.
ВИДЕО: Centar News