Руски беспилотни летала извршија напад над Киев и други градови во Украина

Од:

Во текот на ноќта Русија изврши камикази напад со беспилотни летала врз Киев и други градови во Украина, соопшти денеска украинската армија.

Синоќа Русија лансираше вкупно 15 ирански беспилотни летала Шахед кон Украина, а украинските одбранбени сили соборија 11 од нив, објави Военото воздухопловство на Украина на Телеграм.

Претходната ноќ Русија лансираше 28 беспилотни летала во Киев и пристаништето Одеса, додека украинската противвоздушна одбрана собори 26 беспилотни летала Шахед, пренесува Ројтерс.

– Во напад на беспилотно летало две лица се повредени откако избувна пожар во нестанбена инфраструктурна зграда – соопшти денеска воениот началник на регионот Черкаси, Ихор Табурец.

Сè уште не е познато колку беспилотни летала биле лансирани во градот Черкаси, а колку во главниот град Киев.

– Непријателот изврши уште еден воздушен напад врз главниот град – објави на Телеграм шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Вооружените сили на Украина денеска соопштија дека руските сили во изминатиот ден извршиле 65 воздушни напади и истрелале најмалку 71 проектил од системи за тешко вооружување врз украинските позиции и населените области долж линијата на фронтот.

Би можело да ве интересира

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД