Столтенберг: Во Вилнус донесовме важни одлуки во критичен момент за нашата безбедност

Од:

Шефовите на држави или влади на членките на НАТО на Самитот во Вилнус донесоа важни одлуки во критичен момент за нашата безбедност, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Ја пречекавме Финска како полноправна членка на Алијансата и со нетрпение очекуваме да и посакаме добредојде на Шведска како полноправна членка на Алијансата, врз основа на договорот што го постигнав синоќа со (турскиот) претседател (Реџеп Тајип) Ердоган и (шведскиот) премиер (Улф) Кристершон, изјави Столтенберг на прес-конферецијата на првиот ден од дводневниот Самит на НАТО, што денеска започна во Вилнус.

Тој нагласи дека на оваа средба, лидерите на НАТО и изразиле „невидена поддршка“ на Украина, обврзувајќи се да и достават муниција и посовремена опрема и да овозможат обука на украинските сили.

– Денеска сојузниците договорија пакет од три елементи за приближување на Украина до НАТО. Прво, нова повеќегодишна програма за помош за Украина. Да се овозможи транзиција од советско време кон стандардите, обуката и доктрините на НАТО, да помогне во обновата на безбедносниот и одбранбениот сектор на Украина и да ги покриеме критичните потреби, како ѓто се гориво, опрема за деминирање и медицински материјали, рече Столтенберг.

Вториот елемент, како што нагласи, е формирањето на новиот Совет НАТО-Украина, замислен како форум за кризни консултации и одлучување, каде што двете страни ќе настапат како рамноправни партнери, кој утре ќе го има својот прв состанок на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Трето, потврдивме дека Украина ќе стане членка на НАТО и се согласивме да го изоставиме барањето за Акциски план за членство. Ова ќе го промени патот за членство на Украина од процес во два чекора, во процес во еден чекор. Исто така, јасно ставивме до знаење дека ќе упатиме покана за членство на Украина во НАТО, кога сојузниците ќе се согласат за тоа и кога ќе бидат исполнат условите. Ова е силен пакет за Украина и јасен пат кон нејзиното членство во НАТО, додаде првиот човек на Алијансата.

Столтенберг истакна дека ваквата одлука е јасна порака дека членките на НАТО и заинтересираните земји се тие кои ќе решаваат кој ќе стане членка на Алијансата, а не Москва.

Тој нагласи дека на денешната средба на лидерите на НАТО биле одобрен, како што рече, досега „најсеопфатните одбранбени планови по завршувањето на Студената војна“, кои се дизјанирани за справувања со двете главни закани со кои се соочува Алијансата – Русија и тероризмот.

– Според нашите нови планови, НАТО има за цел да има 300.000 војници во степен на зголемена готовност, вклучувајќи и значителни воздухопловни и поморски сили. Одвраќањето и одбраната барата робусна индустриска база, па так лидерите одобрија нов Акциски план за одбранбено производство. Тој ќе ги забрза заедничките набавки, ќе ја зајакне интероперабилноста и ќе генерира инвестициски и производствени капацитет, рече Столтенберг.

Според него, за да се направи сето тоа, ќе бидат потребни поголеми инвестиции во одбраната и за таа цел според најновите проценки одбранбените трошоците на европските сојузници и Канада во 2023 година ќе се зголемат за 8,3 проценти.

Тој додаде дека ова претставува најголем пораст на издовјувањата за потребите на одбраната во последните децении, кои се зголемиле за дополнителни 450 милијарди американски долари од 2014 година, кога беше донесен одлука за зголемување на буџетите за одбрана на секоја членка на ниво од два отсто од националниот БДП.

– Единаесет сојузници сега ја достигнуваат или надминуваат целта од два отсто (од БДП) и очекуваме оваа бројка значително да се зголеми следната година. Денес, сојузниците се обврзаа да издвојат најмалку два проценти од Бруто домашниот производ годишно за одбраната и што побрзо да ги исполнат своите обврски, додаде Столтенберг.

Тој нагласи дека на средбата станало збор и за односите со Кина, која, како што истакна, не е противник на Алијансата.

– Но, зголемената самоувереност на Пекинг влијае на нашата безбедност. Кина се повеќе го предизвикува меѓународниот поредок заснован на правила со одбивањето да ја осуди војната на Русија против Украина, заканите кон Тајван и значителното зголемување на воената моќ. Нуклеарната модернизација на Кина е без преседан според брзината и обемот и се спроведува нетранспарентно, додаде генералниот секретар на НАТО.

Тој нагласи дека членките на НАТО се согласиле да продолжат да работат заедно за да се заштитат од „насилното однесување“ на Кина.

– Утре ќе се сретнеме и со лидерите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, како и на Европската Унија, затоа што сме посилни и побезбедни само кога сме заедно, додаде Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во руската област Курск е легитимен

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски