Мицкоски: Владата на СДСМ и Ковачевски се гуши во криминални афери и скандали, излез се брзи парламентарни избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, членот на ИК и пратеник Антонијо Милошоски, и координаторот на пратеничката група на партијата во Собранието оствари средба со Георг Вуцас, амбасадор на Австрија, амбасадорот на Република Чешка во Македонија Јарослав Лудва, како и амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш.

Средба која се одржа беше од подготвителен карактер пред посетата на министрите за надворешни работи на Република Австрија, Словачка и Чешка која треба да се одржи во четврток во Македонија.

Воедно на средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба.

„Мицкоски ги информираше амбасадорите за актуелната политичка состојба во државата, додавајќи дека владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се гушат во криминални скандали и афери, а на сметка на тоа граѓаните секојдневно тонат во сиромаштија.

Од страна на Мицкоски беше истакнато дека довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво и оправдана, бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите, а како што рече за тоа најдобра потврда доаѓа и од САД.

Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата дека потребни се предвремени парламентарни избори. Претседателот Мицкоски се заблагодари за досегашната поддршка и пријателскиот однос на Република Австрија, Чешка и Словачка кон Македонија, истакнувајќи дека соработката треба да продолжи и да се интензивира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Зошто не дозволувате декласификација на сите материјали поврзани со случајот со АНБ?

(ВИДЕО) Мицкоски: Коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на овие локални избори

Опозицијата ќе шири шпекулации и невистини во текот на кампањата, вели Мицкоски

Горан Наумовски

„Македонско најдобро“ е кампања за поттик на домашното производство, вели Мицкоски

Мицкоски: За прв пат имаме базична инфлација во негатива, очекувам тој тренд полека да продолжи

Горан Наумовски

Мора да има одговорност за прислушкувањето, порача премиерот Мицкоски