Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело грабнување. Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода, велат од ОЈО.
Станува збор за случајот со исчезнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски кој исчезна во март годинава и од тогаш му се губи секаква трага.
На осми март годинава уапсени беа В.М. и С.Ч., поради сомнение за нивна инволвираност во случајот во врска со исчезнатото Самоил (26) од Скопје. Од тогаш двајцата се во притвор.