Русија се закани со „прилично јасен и остар“ одговор ако Украина добие покана за во НАТО

Од:

Русија му се закани на НАТО со „прилично јасен и остар“ одговор доколку и се дозволи на Украина да се „зачлени“ во Алијансата.

– НАТО одлучи да го отстрани бирократскиот услов за членство, дозволувајќи и на Украина побрзо да се приклучи кога ќе заврши војната, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Кулеба.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека тоа ќе има многу негативни последици.

„Го знаете целосно јасниот и конзистентен став на Руската Федерација дека членството на Украина во НАТО ќе има многу, многу негативни последици за безбедносната архитектура, веќе полууништената безбедносна архитектура во Европа“, рече тој и додаде „и тоа ќе биде апсолутна опасност, закана за нашата земја, која ќе бара доволно јасна и цврста реакција од нас“.

По интензивните разговори, Украина рече дека НАТО се откажа од барањето за следење на Акциониот план за членство – пат кон приклучување кон алијансата во која апликантот поднесува годишни програми за подготовките за интеграција во политичката, економската, одбраната, ресурсите и безбедносната и правната сфера.

„Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука која ни го скратува патот кон НАТО“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Кулеба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски