„Њујорк тајмс“: Америка испраќа стари модели на касетна муниција во Украина

Од:

САД планираат да ѝ испратат на Украина стари модели на касетна муниција, кои во 14 отсто од случаите не се активираат веднаш, пишува „Њујорк тајмс“.

Според весникот, од Пентагон уверуваат дека го модернизирале моделот. Сепак, подобрен е само дострелот на проектилот, кој сè уште содржи гранати, а стапката на неуспех е опишана од американскиот воен оддел како неприфатливо висока.

Според Њујорк Тајмс, пензионираниот армиски полковник Ал Восбург, кој е обучен за уништување експлозивни направи, рече дека процесот на расчистување на областа по употребата на таквите проектили ќе потрае бидејќи тие не можат да се поместуваат со рака. Дополнително, ќе биде потребна едукативна кампања за населението кое ќе се врати на овие територии и кое би можело да настрада од неексплодирани гранати.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, на 7 јули објави дека САД одлучиле да достават касетна муниција во Украина, на чија употреба ОН се противат. Тој, исто така, истакна дека Киев му дал на Вашингтон писмени гаранции за минимизирање на ризикот за цивилите при користење на овој вид муниција.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ