Њујорк: Во две окрузи е прогласена вонредна состојба поради поплави, најмалку едно лице загина

Од:

Најмалку едно лице загина кога бура донела обилни врнежи во поголемиот дел од државата Њујорк во неделата навечер, предизвикувајќи поплави и воведување вонредна состојба во две окрузи.

Гувернерката на државата Њујорк, Кејти Хукл, прогласи вонредна состојба во округот Оринџ, северозападно од Њујорк, како и во округот Онтарио, во централниот дел на државата, бидејќи врнежите предизвикаа ситуација „опасна по животот на луѓето“, објавија американските медиуми.

Неколку десетици возачи мораа да бидат спасени кога нивните возила се заглавија на поплавените патишта, соопштија локалните власти.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија