Египет ќе ја продолжи вонредната состојба на два месеци поради безбедносната ситуација во земјата, јави извор од египетската Влада.
Најбројната арапска земја се наоѓа состојба на политичка неизвесност, откако на 3 јули армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси.
Пред една недела министерот за внатрешни работи генерал Мохамед Ибрахим преживеа атентат со автомобил бомба во главниот град Каиро.