Најмалку две лица ги загубија животите, а шест се водат како исчезнати, по обилните дождови и поплавите што го погодија југозападниот дел на Јапонија, пренесе АП.
За време на викендот, силен дожд падна во регионите Кјушу и Чугоку, предизвикувајќи излевање на бројни реки и создавање лизгање на земјиштето што ги затвори патиштата.
Во прекин е и железничкиот сообраќај, во некои области прекинато е водоснабдувањето.
Јапонската метеоролошка агенција издаде итно предупредување за обилен дожд за префектурите Фукуока и Оита, апелирајќи до жителите во близина на реките и на ридовите да бидат крајно внимателни.
Повеќе од 1,7 милиони жители во погодените области треба да најдат засолниште додека не помине невремето.
Секретарот на кабинетот Хироказу Мацуно им рече на новинарите дека владата создала работна група и ќе стори сé што може за да ги засили спасувачките операции, „бидејќи животите на луѓето се на прво место“.