Зеленски: Кога ќе се доближиме до Крим ќе го принудиме Путин да разговара

Од:

Армијата „презеде иницијатива“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека доаѓањето на Украинците на Крим ќе го принуди рускиот претседател Владимир Путин да преговара.

Во интервју за „Еј-би-си њуз“, Зеленски не ги негираше тврдењата на „Вашингтон пост“ дека украинските власти неодамна му кажале на директорот на ЦИА Вилијам Барнс дека целта на контраофанзивата е да се доближи војската до Крим, а потоа да го принуди Путин да разговара.

„Апсолутно јасно, логично реторичко прашање е дека во моментот кога Украина ќе стигне до административната граница со привремено окупираниот украински полуостров Крим, многу е веројатно дека Путин ќе биде принуден на дијалог со цивилизираниот свет, наспроти ситуацијата што постоеше пред целосната инвазија“, рече Зеленски.

Тој ги отфрли тврдењата на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој неколку пати изјави дека е на власт да ја заврши војната за 24 часа.

„Самата желба да се заврши војната е убава. Но таа желба мора да се заснова на реалноста. Мислам дека еднаш Трамп ги имаше тие 24 часа. Бевме во војна, не баш во тотална војна, но имаше конфликт, и мислам ги имал на располагање тие 24 часа, но веројатно имал други приоритети“, истакна Зеленски.

Тој посочи дека Киев нема да се откаже од својата територија.

„Ако зборуваме за крајот на војната, но ако Украина ја плати цената, со други зборови, ако се откажеме од нашите територии, мислам дека на овој начин (актуелниот претседател на САД) Бајден би можел да ја заврши војната за пет минути. Но ние не се согласуваме со тоа“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски