ВИДЕО: Излегоа камионите од Комунална, полицијата ги потисна вработените што протестираат

Од:

Камионите кои треба да го собираат ѓубрето во Скопје по два дена излегоа од претпријатието каде што беа блокирани од дел од вработените кои протестираат.

Полицијата вечерва ги потисна демонстрантите и направи пат да излезат камионите.

Претходно полицијата предупреди сите кои не се вработени или имаат добиено откзаи да го напуштат објектот и дека ќе приведува ако има отпор кога ќе прават пат за камионите.

Вработените кои протеситраат вечерва бараа отставка од диркеторката Косана Николиќ Мазнева. Дел од нив лежеа пред камионите за тие да не можат да го напуштат обејктот и да го расчистат ѓубрето по Скопје. Уценуваат со враќање на вработените кои директорката ги избрка поради тоа што не доаѓале на работа и редовно земале плата.

Би можело да ве интересира

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Обвинение за поранешниот директор на Комунална за хаосот со ѓубрето во Скопје

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он