Откако на социјалните мрежи стана вирална фотографија од одморалиште во Грција каде српските туристи однесоа цело јагне на одмор, сега се појави нова снимка, овој пат од Црна Гора.
Имено, на популарната страница на Инстаграм „podgorički.vremeplov“ се појави видео од плажа во Црна Гора, ни помалку ни повеќе туку плажата „Јаз“ кај Будва.
На видеото се гледа како луѓето вртат јагне на ражен на среде плажа, а коментарите се редат под објавата.
Додека некои го поддржуваат овој чин, има и такви кои го осудуваат.
„Луѓето уживаат, тоа е тоа, па дури и тој што снима да не беше ваков веројатно ќе седеше со нив и ќе чекаше да се испече“, вели еден корисник.
„Среќно на сите што слават… ги претворија будванските плажи во панаѓур“, стои во еден од коментарите.
Овчарите чувале овци, денес ги вртат по плажите“, напишал еден корисник.
Некогаш ги нарекувавте туристи со домати, сега ги нарекувате јагнешки туристи, да видиме догодина што ќе биде, можеби цела куќа ќе ја донесат, па наречете ги комшии“, се само дел од коментарите.