Будва воведе ново правило за туристите: Внимавајте, казната е 200 евра

Од:

Казната за шетање по Будва во костим за капење е 200 евра и тоа важи и за туристите и за мештаните, одлучи Собранието на општина Будва, а одлуката е објавена во Службен весник.

Според Одлуката за комунален ред, во костим за капење можете да престојувате само во просторот за капење.

Казните се поригорозни во однос на санкциите предвидени во претходната одлука.

За почитување на оваа одредба се одговорни општинската инспекција и полицијата на општина Будва, објасни градоначалникот Милош Тајиќ, пренесе порталот Приморски.

Со усвојување на оваа одлука во локалниот парламент, Будва им се придружи на Сплит и Дубровник, кои воведоа казни за „голите“ туристи, при што сумата во Дубровник е 130 евра, а во Сплит 150 евра.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора